Њујорк направи неверојатен пресврт во последната четвртина и го победи Кливленд во првиот натпревар од финалето во Источната конференција во НБА-лигата.
Никс беа во негатива од дури 22 поени во последниот период, но се изборија за продолжение, а потоа и за победа од 115-104 пред своите навивачи во „Медисон Сквер Гарден“.
Џејлен Брансон со 38 поени го предводеше домашниот тим, а сите стартери на Њујорк имаа двоцифрен ефект во нападот. Микал Бриџис реализираше 18 поени, додека ОЏ Ануноби, Карл-Ентони Таунс и Џош Харт постигнаа по 13.
Кај Кавалирс, Донован Мичел го заврши натпреварот со 29 поени, а Еван Мобли имаше дабл-дабл учинок од 15 поени и 14 скока.
Домаќин и на вториот натпревар е Њујорк, а средбата се игра во петок рано наутро во 2 часот.
