Uncategorized Вести Економија Македонија Топ вести

Горивата поскапуваат од полноќ

Нови, повисоки, цени на горивата за два до два и пола денари од полноќ, одлучи Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Еуросупер БС-95 поскапува за два денара и ќе чини 87 денари за литар, а Еуросупер БС-98 поскапува за два и пол денари и од полноќ ќе се продава по цена од 89 денари за литар. За два и пол денари се зголемува и цената на дизелот кој сега ќе чини 92 денара за литар.

Се зголемува и малопродажната цена на мазутот за 0,846 денари за килограм и сега ќе се продава за 50,814 денари за килограм. Единствено се намалува цената на Екстра лесното масло за домаќинство за половина денари и од полноќ ќе се продава за 93,5 денари за литар.

Новите цени се зголемени во просек за 1,84% во однос на одлуката од минатиот понеделник.

Владата во саботата на вонредна седница донесе одлука до 1 јуни да продолжат мерките за ублажување на последиците од кризата на Блискиот Исток.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

САД извршија напади врз Иран седма ноќ по ред – Иран се закани со „целосна офанзива“

Igor Trajkov

Нов археолошки локалитет кај тетовско Стенче – најдени монети и керамика од 4 век

Igor Trajkov

Брисел алармира за притисоци врз судството – власта со нови критики, опозицијата обвинува за заробени институции

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе