Вести Спорт Топ вести

Романо: Договорени сите детали, Мурињо е нов тренер на Реал Мадрид

Жозе Мурињо се враќа во Реал Мадрид, најави најпознатиот светски инсајдер, Фабрицио Романо.

„Сите услови меѓу Мурињо и Реал Мадрид се усно договорени, останува уште потпишување на документите. За почеток е планиран двегодишен договор, Мурињо ќе отпатува во Мадрид по натпреварот Реал – Атлетик Билбао. Специјалниот се враќа“, наведува Романо.

Мурињо ќе биде четвртиот тренер на првиот тим на Реал во само една година, по Карло Анчелоти, Чаби Алонсо и привременото решение Арбелоа. Опции за клупата на „кралскиот клуб“ до неодамна беа и Маурисио Покетино и Дидие Дешамп, но Португалецот постојано беше во предност.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

11 пациенти биле примени во Ургентен, пациентка со повреда на главата и на потколеница задржана на нерохирургија

Kristina Kuzmanovski

Франција воведува целосна забрана за користење социјални мрежи за деца под 15 години

Kristina Kuzmanovski

Во Италија запленети 770 килограми кокаин во пратка со банани

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе