Кошарка Спорт

ТФТ вечерва на сè или ништо против Борац

ТФТ Скопје вечерва ја продолжува битката за пласман во АБА-лигата. На домашен терен во салата „Лазар Лечиќ“ во Скопје, македонскиот тим го пречекува Борац Чачак и мора да победи за да избори мајсторка.

ТФТ доживеа убедлив пораз на првиот натпревар во Чачак со 97-61, што беше четврти пораз во низа во сите натпреварувања. Очигледно е дека заморот ги стигна избраниците на тренерот Боро Смилковски, кои покрај од Борац, загубија и од Маџари на домашен терен во првиот полуфинален натпревар од плеј-офот во домашното првенство. На тоа се надоврза и поразот од Широки во последните секунди од финалето во АБА2-лигата.

Смилковски изјави дека тимот изминативе денови ги минал во рекуперација и подготовка, а следните два натпревари ќе ја одредат целата сезона за ТФТ. Борац е исклучително квалитетен состав, кој сезонава заврши на претпоследното место во АБА-лигата, но во своите редови има искусни и квалитетни поединци, како и подолга клупа од македонскиот претставник.

ТФТ без дилема е едно од најпријатните изненадувања во регионалната кошарка сезонава. Тимот најпрво стигна до финалето во АБА2-лигата, а сега преку баражот со Борац се обидува да испише нова историја и да обезбеди место во елитното регионално друштво.

Натпреварот меѓу ТФТ и Борац се игра вечерва со почеток од 20 часот.

*ФОТО: Борац Моцарт/Душко Радишиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Халанд го испрати Бразил дома, Норвешка продолжува меѓу најдобрите осум

Sportska Redakcija

Јакимовски: Не припаѓаме во овие претквалификации, местото ни е на повисоко ниво

Sportska Redakcija

Масимилијано Алегри е нов тренер на Наполи

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе