Настанот е во организација на на шаховскиот клуб Гамбит, a со поддршка на Шаховската федерација на Македонија и од исклучителна важност е за промоција на Македонија на меѓународната шаховска сцена.
На денешната прес-конференцијата, освен организаторите и учесници на првенството, присуствуваа и претседателот на Светската федерација за шаховска композиција Марјан Ковачевиќ, како и главниот спонзор на првенството, шеикот Мохамед бин Хамад Ал Шарки, престолонаследник на Фуџаира.
Ова првенство претставува значаен меѓународен настан што ги става Скопје и Македонија на мапата на врвните шаховски случувања во Европа.
