Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска го означи почетокот на големата еко-акција „GENERALKA WEEKEND“. Манифестацијата, која се смета за најмасовна на Балканот, годинава мобилизира десетици илјади волонтери од 80 општини и над 250 државни институции.

На настанот присуствуваа претседателката Гордана Силјановска-Давкова, госпоѓа Рози Мицкоска, амбасадорот на Австрија Мартин Памер, министерот за животна средина Муамер Хоџа и заменичката Ане Лашкоска.

–Денешниот настан е силна порака. Порака дека чистата животна средина е заедничка одговорност, дека секој од нас има улога во изгледот на својата улица, своето маало, својот град и својата држава, истакна Ѓорѓиевски.
