Се уште не се знае дали компанијата ОКТА и во мај ќе даде попуст од два денари за бензините и три за дизелот кој завршува денеска. Според, информациите во текот на денот треба да се донесе одлука.
Без овој попуст, од утре би требало на бензиските станици горивата да се продаваат нешто поскапо односно по цените кои Регулаторната комисија за енергетика ги донесе во понеделникот берз во нив да биде вкалкулиран попуст од ОКТА.
Па, така 95 ката би се продава по цена од 82, 5 денари за литар, 98 цата за 84, 5 денари, а дизелот за 91, 5 денари за литар.
Изминативе денови од Владата неколку пати потенцираа дека се преговара со ОКТА.
Во меѓувреме цената на нафтата на берзите денеска се искачи и до 126 долари за барел. Од кризните мерки за сега е на сила намалената акциза, но ДДВ то за дизелот кој пак најмногу поскапи во моментов останува 18 отсто.
