Uncategorized Вести Македонија Топ вести

Тројца доктори вратија 25 000 евра – пари кои незаконски си ги префрлиле

Тројца доктори вратиле 1,5 милиони денари односно  повеќе од 25 000 евра во буџетот на јавните здравствени установи во кои работат, пари кои незаконски си ги исплатиле. Тие си пишувале повеќе часови работа за што на сметка добивале и повисоки суми на плати.

Ова го соопшти директорот на Фондот за здравствено осигурување Сашо Клековски кои  не кажа кои се докторите но псоочи дека се работи за актуелни и поранешни директори.

„Наша континуирана активност се медицинската контрола и финансиската контрола. Ние тие наоди ги комуницираме и со јавните здравствени установи и со Министерството за здравство, Министерството за финансии и со Државниот завод за ревизија со кој имаме одлична соработка. Во три случаи актуелни или поранешни директори ги имаат вратено погрешно пресметаните приходи“, рече Сашо Клековски , директор на ФЗО

Претходно и министерот за здравство Азир Алиу, откри дека во јавното здравство има лекари кои земале плати и над 10 илјади евра месечно, а во поединечни случаи и до 700 илјади денари. Министерот не ја исклучи можноста за кривична одговорност.

Тој најави и воведување систем за евиденција со отпечаток од прст за здравствените работници,  мерка што треба да стави крај на злоупотребите и да се воведе ред во системот.

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Жена приведена во Ресен при обид за кражба

Tea Dimkovska

Вајц: ЕУ не бара менување на идентитетите, потребни се доверба и дијалог меѓу Скопје и Софија

Tea Dimkovska

За реконструкција на Владата Димитриевски смета дека ЗНАМ ќе продолжи и сака да менаџира со ресорите во кои е поставен

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе