Вести Македонија

Продолжува Судењето за „Пулс“

Во Основниот кривичен суд во Идризово денеска продолжи судењето за пожарот во кабарето „Пулс“ во Кочани, во кој животот го изгубија 63 млади лица, а над 200 беа повредени.

Последното рочиште помина без присуство на најавените сведоци, по што процесот се соочи со нови одложувања и процедурни спорови меѓу обвинителството и одбраната.

Клучната расправа се води околу тоа дали дел од веќе испрашаните, но тешко повредени и трауматизирани сведоци треба повторно да се појават пред судот.

Обвинителството смета дека нивните претходни искази се доволни, додека одбраната инсистира на нивно повторно сослушување.

Дел од повиканите сведоци не се појавија поради здравствени причини, недостапност или престој во странство, поради што дел од нивните изјави беа прочитани во судница.

Претходното рочиште помина во тензична атмосфера, со реакции од семејствата на жртвите кои негодуваа поради долготрајноста на постапката и дополнителната траума за преживеаните.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Жена приведена во Ресен при обид за кражба

Tea Dimkovska

Вајц: ЕУ не бара менување на идентитетите, потребни се доверба и дијалог меѓу Скопје и Софија

Tea Dimkovska

За реконструкција на Владата Димитриевски смета дека ЗНАМ ќе продолжи и сака да менаџира со ресорите во кои е поставен

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе