Вести Економија Македонија Најважни

Даночен револт: Студенти и работници од странство на протест пред УЈП

Граѓани кои работеле во Авганистан и Ирак заедно со студенти кои оствариле приходи во странство излегоа на протест пред УЈП. Револтирани од известувањата што ги добиле а со кои се бара да платат данок за парите заработени во друга држава, прашуваат каде биле службите до сега. Велат  со години тие молчеле  и сега одеднаш праќаат известувања со кои некои треба да плати и сериозна сума на пари. Се жалат и од односот на службите во УЈП. Добиваат различни информации од даночните лица за тоа што треба да направат.

-Јас имав ситуација да разговарам со службеник и ми рекоа ако ти не ги пријавиш твоите  платни листи јас ќе ти го помножам вратениот данок по 10 и така  ќе те оданочам тоа не ни коректно не е  професионално и е безобразно изјави студент

 

На колегата за три дена му доаѓа решение за да му наплатат 4000 евра за 2020 година. Како може овој документ три дена порано да биде со нули, а после да има 4000 евра да плати данок. Јас ќе се вратам на тоа хибернација, вели работник од Авганиста. 

Од УЈП и денеска на брифинг повторија дека не станува збор за нова обврска туку се спроведува постоечки закон и нема двојно оданочување.  Тврдат – ако некој платил данок во друга држава треба да донесе доказ дека го сторил тоа и тука нема да плати ништо. Но тој доказ многумина не можат да го обезбедат,  па сега УЈП за над 250 лица кои работеле во Авганистан и за над 130 студенти преку МНР прави проверки дали платиле данок во земјата во која работеле.

-Издвоивме 134 ги селектиравме според возраст кои претпоставуваме дека се студенти кои во Германија оствариле  доход кои се појави во податоци за прилив од странство и до сите тие 134 лица се обративме и ги повикавме на средби за да се разговара за начинот на оданочување  во Германија и во Македонија, изјави директорката на УЈП Елена Петрова

Од УЈП уверуваат дека присилна наплата нема и за сега нема да се плаќа и камата заради пробивање на роковите.
Според, податоците на УЈП во 2020 година се регистрирани над 8.000 граѓани кои работеле надвор и треба да платат данок во земјава. На 300 лица поднеле и тужба до управата.

Исто така, од податоците кои УЈП ги добиле од 12 банки над 70 800 граѓани се регистрирани дека во странство направиле приход од 577 милиони евра кои треба да се оданочи.

Ирена Чачкова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Левица: Додека од чешмите во Гостивар течел отров, институциите спиеле

Kristina Kuzmanovski

Возел со 4,35 промили алкохол во крвта, полицијата го фати во Кочани

Kristina Kuzmanovski

Нови 50 проценти царини воведе САД за канадските производи

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе