Uncategorized Вести Економија

Нови, пониски, цени на горивата од полноќ

По одлуката на Регулаторната комисија за енерегетика (РКЕ) од ноќеска на полноќ стапуваат на сила новите малопродажни цени на горивата и кај Макпетрол.

Дизелот поевтинува за 2,5 ден и ќе се продава по 92,5 ден за литар, додека цената на Еуросупер БС-95 се намалува за денар и половина и ќе изнесува 80 денари за литар.

Се намалува цената и на Еуросупер БС-98 за 1,5 и ќе чини 8 ден за литар. Намалување има кај екстра лесното масло за домаќинство кое поевтинува за 3,5 денари и ќе чини 96,5 денари.

По пониска цена ќе се продава и мазутот кој од 51,311 денари ќе се продава по цена од 49.227 денари по килограм.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВМРО-ДПМНЕ: Валбон Лимани бега од одговорност за скандалот со водата

Kristina Kuzmanovski

УХМР со предупредување за невреме со град и ветер над 60 km/h

Kristina Kuzmanovski

(Фото/Видео) Сакала да избегне контрола, царински службеници ја фатија на Аеродром со накит „Сваровски“ вреден 333 илјади денари

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе