Женската тениска репрезентација на Македонија од утре ги стартува мечевите во Втората Евро-африканска зона од Били Џин Кинг Купот што се играат во Бања Лука.
Македонија се наоѓа во групата Б, а противници ни се репрезентациите на Бугарија, Мароко, Египет и Јужна Африка. Нашата репрезентација е со подмладен тим, па боите на Македонија ќе ги бранат, Сара Митевска, Ана Митевска, Јана Божиновска и Зара Зафировска, додека деби на селекторската позиција има Кристијан Вангелов.
Утре во првото коло македонските тенисерки ќе играат против репрезентацијата на Египет, која заедно со Бугарија важи за фаворит за првото место во групата. Во второто коло во вторник Македонија ќе биде слободна.
Преостанатиот распоред на натпреварите ќе биде дополнително познат.
