Минатиот месец, до Основниот кривичен суд Скопје стигнале 65 приговори во врска со системот „Безбеден град“, значително помалку од 476 приговори во февруари.
Од нив, 43 биле од физички лица, а 22 од правни лица.
Причина за приговори во февруари беа случаи со возила на лизинг или продадени, но непријавени возила, додека во март голем дел од предметите веќе се завршени со пресуди.
Сите приговори се заведуваат и во рок од 8 дена се доставуваат до МВР за понатамошно постапување.
Според МВР, во март системот регистрирал 26.241 прекршок, од кои најголем дел се за пречекорување на дозволената брзина.
Бројот на прекршоци за поминување на црвено светло и управување со возило со истечена сообраќајна дозвола значително се намалил во споредба со февруари.
