Вести Македонија

Студентите и УЈП на маса за данокот преку програмата Work&Travel

Од понделник, Управата за јавни приходи (УЈП) ќе оранизира обуки за студентите, за да ги запознае со нивните обврски, но и права поврзани со работата која ја извршуваат во странство преку програмата Work and Travel. Ова беше договорено на денешната средба меѓу студентите и раководството на УЈП.

Средбата следуваше по реакциите во јавноста дека УЈП ќе ги даночи и заработките на студентите кои заминале на работа во странство преку програмата Work&Travel. Дополнително, разговарано е за можноста да ги платат даночните обврски со одредени олеснувања. Студентите кои не оствариле поврат на данок, ќе можат да обезбедат потврда за резидентност, со што ќе го искористат правото на враќање на задржаниот данок од странство.

„Претставниците на УСС-УКИМ презентираа идеја за формирање на работна група од нивна страна која би работела на законските измени кои се однесуваат на студентите во делот на доуредување на даночниот третман на доходот остварен преку програмата Work&Travel и побараа поддршка од страна на УЈП. УЈП како сериозна институција даде поддршка на идни академски граѓани кои допрва ќе даваат сопствен придонес во градењето на здрав систем на однесување“, информираат од УЈП.

Известувањата за студентите кои биле на работа во стрaнство, односно во Германија, дека треба да платат данок, стигнаа пред неколку дена од УЈП. Стидентските здрuженија реaгираа дека неправедно се оданочуваат, по што УЈП возврати дека приходите на студентите од работа во Германија подлежат на данок.

Со соопштениjа се огласија повеќе студентски организации од универзитетите во Скопје и во Битола, и приватниот универзитет ФОН. Тие изразија поддршка за студентите и го осудија ваквиот пристап, оценувајќи дека наместо да се создаваат дополнителни обврски, потребно е трудот на младите да се поттикнува. Од нив беше побарана поголема транспарентност, правичност и јасни критериуми во постапувањето на УЈП, со порака дека студентите заслужуваат фер третман, а не дополнителен финансиски товар.

Симона Петровска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Прогласена вонредна состојба во Мостар – голем пожар на депонија гори цел ден

Sasko Dimovski

Багеи: „Обврска за обврска“ е водечки принцип во преговорите меѓу Иран и САД

Sasko Dimovski

Почина Циги, маскотата на ЈП „Лајка“

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе