Вести Економија Топ вести

Од големите пекарници дале збор дека барем за сега лебот нема да поскапи

Утринава , ДПИ,  заменик министерот за економија Ристески, од мелничко пекарската индустрија во кои членуваат големите пекарници кои држат 90 отсто од пазарот имале состанок на кој тие дале збор дека во слендиот период нема да ја зголемат цената на лебот. Ова доаѓа откако неколку пекарници во Штип, Кочани, Битола Прилеп најавија дека од вчера ќе го продаваат белиот леб од 450 грама за 3 до 5 денари поскапо.

И тие,  но и од мелничко – пекарската индустрија  соопштија дека  овој потег следи затоа што нивните трошоци  за работа поради случувањата на Блискиот исток се зголемени. Пазарот ќе се анализира и во слендиот период, по што ќе има и уште еден состанок за неколку недели за да се сублимираат информациите.

Во меѓувреме завршија и контролите на ДПИ. Направени биле 170 инспекции во кои било констатирано дека освен кај јајцата и зејтинот за сега нема поместување на цените на другите производи.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Кармина Бурана“ е почеток на долга соработка – рекоа од македонската, софиската филхармонија и грчкиот оркестар пред вечерашниот настап

Дејан Дејан

Парада на гордоста во Скопје: Протест против молкот и лажното прифаќање

Дејан Дејан

СДСМ: Чекањето на границите со ЕУ е огледало на политиката на Мицкоски

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе