За само три месеци загубите на ЕСМ пораснале за над 2 милиони евра.

За цела 2025 повторно надминуваат 100 милиони евра. Ова може да се види од извештаите на Министерството за финансии. Според, бројките минатата година електрани ја завршиле со минус во касата од над 16 милиони евра.
Ако се соберат сите квартали, загубите на најголемиот производител на струја изнесуваат 108 милиони евра. Во бројката не влегуваат податоците за фирмите ќерки за парно. Но, ова е втора година по ред како минусот се движи околу оваа бројка со што ЕСМ се најде на врвот на листаа како најголем загубар.
Иако, очекувањата на новиот менаџмент беа дека ќе дојдат до позитивна нула, а насоките од владата да почнат да работат со профит, сепак од бројките може да се види дека тешко оди враќањето во добрите времиња на компанијата.
Пред, неколку дена пак премиерот Мицкоски кажа дека ЕСМ не само што ги покрива потребите во земјава, туку и продава струја во ноќните часови со што компанијата правела дополнителни приходи.
Во моментов електрани не добива пари од буџетот освен што државата се јавува како гарант при земање на заем, а својата струја за домаќинствата ја продава по пониска цена од производната. Неодамна пак интервју за Телма генералнит директор на АД ЕСМ Узунчев кажа дека и да побараат помош од Владата нема да ја добијат.
- „Ние немаме директна финансиска помош затоа што уште веднаш уште на стартот ни беше кажано дека и да ја побараме нека да ја добиеме. Не ни даваат насоки туку ни ги кажуваат нивните очекувања. Да ние направиме целосна оптимизација на работните процеси, да направиме намалување на оперативните трошоци и конечно компанијата да ја изведеме на здрав финансиски план што подразбира работење со профит“, изјави Лазо Узунчев- генерален директор на АД ЕСМ
ЕСМ веќе извесен период се обидува да ја подобри својата ликвидност, до сега има и неколку кредити од домашни банки.
Високо на листата на загубари на финансии е и МЖ Транспорт со минус во четвртиот квартал лани од 2, 4 милиони евра. Пошта со 1, 8 милиони евра, МРТВ со загуба од речиси 2 милион евра, а на листата со загуба се најде и контролата на летање, М – НАВ, покажуваат податоците од Министерството за финансии.

Во меѓувреме се чека ЕСМ да го објави и својот годишен извештај за минатата година од кои ќе има појасна слика како работела компанијата во 2025.
Ирена Чачкова
Б.С.
