Вести Македонија Топ вести

Син ја убил својата мајка во Росоман

Син ја убил својата мајка во Росоман. Стравичниот настан го потврдија од Итната медицинска помош во Кавадарци, чија екипа веднаш излегла на местото на повикот, но можела само да констатира смрт.

-Нашата екипа констатираше фатален убод со нож во пределот на вратот. Од тежината на повредата, жената починала на самото место“, изјави за МИА доктор Ратко Грков од Итната помош Кавадарци.

И од МВР го потврдија убиството, оттаму велат дека синот сам се пријавил во полиција.

На 30.03.2026, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишија од слобода И.Р.(27) од Росоман. Во СВР Велес тој сам пријавил дека утрово околу 07:30 часот во семејниот дом со употреба на остар предмет и нанел убодни рани на неговата 54-годишна мајка, која од здобиените повреди починала. Смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош Кавадарци, информираат од МВР.

Увид на местото вршат јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци и увидна екипа од ОВР Кавадарци.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(видео) Харис и Кемал се единствените преживеани на Елбрус – загинаа петмина планинари од БиХ

Дејан Дејан

Приведени осуммина кај кои полицијата пронашла дрога

Дејан Дејан

Во село Лабуништа пронајден човечки череп

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе