Обвинителството во Кочани изврши увид на лице место каде беше пронајдено тело на починато машко лице со прострелна рана од огнено оружје. Со преземените дејствија, лицето е идентификувано како ловочувар, кој бил дел од група за комерцијален лов.
Во тек се дејствија за обезбедување на докази, се вршат претреси и соодветни вештачења на траги. Задржани се тројца странски и еден македонски државјанин кои биле дел од групата за комерцијален лов и за кои се испитува дали биле инволвирани во пукањето.
До целосно испитување на настанот тие ќе бидат обезбедени.
