Балкан Вести

„Рама оди си“-протести во Тирана

Со извици “Рама оди си” ” Техничка влада” “избори без Рама премиер”, синоќа на улиците на Тирана протестираа граѓаните кои власта ја обвинуваат за високите цени на горивата, неизоставно ја споменаа и Белинда Балуку, поранешна вицепремиерка и министерка за инфраструктура, осомничена за корупција.

Демонстранти фрлаа огномети и молотови коктели врз седиштето на владејачката партија, а полицијата употреби водени топови и солзавец за да ги растера. Мета на демонстрантите беа и Министерствата за внатрешни работи, за инфраструктура, како и други институции, меѓу кои и парламентот.

Полициски специјалци ја блокираа улицата кон поранешната вила на Енвер Хоџа, сега културен центар. Беа ангажирани над 1600 полициски службеници, како и припадниците на специјалните полициски единици.

Овој протест е шести по ред на поддржувачите на опозицијата кои продолжуваат да бараат смена на премиерот Еди Рама и отворање пат за привремена влада, која би ја водела земјата кон предвремени избори.

Во декември, вицепремиерката Белинда Балуку, блиска соработничка на Рама, беше суспендирана поради корупциски скандал кој сега се истражува. Неколку поранешни министри во владите на Рама, исто така, беа цел на истраги за корупција.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Златко Перински е нов директор на Фондот за здравствено осигурување

Sonja Petrusevska

Владата прогласи 30-дневна кризна состојба во Гостивар

Sonja Petrusevska

Москва прогласи двајца италијански дипломати за непожелни откако Италија протера руски аташеа под сомнение за шпионажа

Sonja Petrusevska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе