Uncategorized Вести Економија Најважни

ССМ: За три месеци трошоците за живот зголемени за над 2.300 денари

Растат трошоците за живот. Од ССМ пресметаа дека за три месеци односно од јанаури до март се зголемиле за над 2.300 денари. Односно на едно четиричлено семејство му требаат плус уште толку пари за да ги покрие  основните трошоци во месецот.

Според, анализата на ССМ минималната синдикална кошничка во март изнесува 67. 818 денари и во споредба со претходниот месец е порасната за над 400 денари, а со трошокот за кирија за стан изнесува 87 илјади денари.

Само за храна и пијалаци во месецот оди една минимална плата, а за една година за овие потреби на  едно четиричлено семејство му требаат над  300 илјади денари.

Во меѓувреме земјоделците најавуваат поскапување на производите заради случувањата на Блискиот исток. Експертите и стопанствениците пак веќе предупредија бран поскапувања поради воениот конфликт.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Израел ќе прави обрач со канали за крокодили околу затворско крило со припадници на Хамас долги 170 метри

Sasko Dimovski

Две лица загинаа во невремето во Албанија

Sasko Dimovski

Масовна тепачка на патници во авион за Ливерпул – капетанот бил принуден да се врати на Тенерифе

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе