Вести Македонија

Судски распиша оглас за уставен судија

Судскиот совет објави оглас за уставен судија за празносто место на Елизабета Дуковска чиј избор во мај лани го поништи Управниот суд. Огласот ќе трае 15 дена,  а судкси треба да предложи кандидат да Собраснието.

Mоже да се јави секој судија со најмалку 20 години судиски стаж, по претходно утврдена оцена на неговите вкупни резултати во работата и придонес за развојот на стручната и теоретската мисла и правниот систем.

Огласот следува откако пред два дена Судкси го семни Деловникот и предвиде процедура за оваа постапка, нешто што претходно недостасуваше.

Комисија од 3 члена на советот подготвува извештај за сите пријавени, а на седница се дисктура и гласа за сите кандидати. Судијата што ќе добие најмногу гласови, а не помалку од 8,  оди пред пратнеиците.

Сепак мнозинстовто во Судски не го прифати предлогот на новата членка Сузана Јошевска Анасатасовска пријавените судии да бидат повикани и на јавно интервју со прашалник еднаков за сите кандидати.

Интервју не е посебен критериум ниту услов туку дел од постапка и во законот не може сите детали да се предвидат  беа дел од репликите на Јошевска.

Таа доби поддршка само од колешката Антоанета Димовска. Со 8 наспроти 2 гала одлучи да нема интервју на кандидаттие за уставен судија.

Во Уставен има уште едно празно судиско место по оставката на Јадранка Дабовиќ која поднесе оставка во декември.

Комисијајата за изброи и именување се уште не утврдила предлог кандидат кој потоа треба оди на седница пред сите пратенци.

Елена Ивановска Мукоска

Б.С.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Утре нов протест во Кочани – родителите на 63. загинати ја бараат вистината и правдата

Дејан Дејан

Андоновски: Со „Везилка“ уште ова лето ќе се видат првите резултати од заштитата на македонскиот јазик во дигиталниот простор

Дејан Дејан

Максим Димитриевски за владината реконструкција: Сите опции се на маса

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе