Култура

Идентитетот на современиот човек во фокусот на новата претстава на МНТ

Идентитетот на современиот човек кој живее осамено и комуницира преку социјалните мрежи, е во фокусот на претставата „ Само глас“, со која МНТ го дополнува репертоарот по повеќе од една година пауза. Жанровски напишана и режирана како музички театар, претставата отвора прашања за проблеми, за кои не треба да се срамиме да зборуваме, вели Нина Плавањац од Белград, која стои зад текстот.

“Менталното здравје, депресијата, отуѓеноста, неутешната потреба за љубов и грижа која сите ја делиме, е нешто што не смее да биде табу тема. Нешто што не треба да биде срамно. И низ овој архетип на жена, кој јас го истражував , ми беше важно да ја прикажам таа призма и да го осветлам  тоа за што можеби чувствуваме срам  да зборуваме , а нема никаква потреба, затоа што тоа е човечки” – вели авторката на текстот, Нина Плавањац.

Низ драмската игра и песни, актерката Ѕвездана Ангеловска доловува сложена човечка приказна  во која актерот Никола Ристановски е вклучен само преку неговиот глас. Нивната комуникација открива  различни состојби  на свест и епизоди од животот на позната актерка, со која се идентификуваме.

“Ова е едно копање по минатото. Борба за некаков човечки опстанок. А, исто така е интересно што опфаќа и една клаустрофобичност и се поклопија некако моментите додека го подготвувавме проектот во оваа пандемија” – смета актерката Ѕвездана Ангеловска.

Режијата на Марјан Неќак, кој е потписник и на музиката, сценографијата и дизајнот на светлото, гради структура од сцени како современ естетски приказ на познатите филмови од седумдесетите години на минатиот век.

“Јас сум поклоник и обожувач на Буњуел. На некој начин, во некаков тој стил од тие седумдесети години ми беше како некаква инспирација. Не толку музички, туку ликовно и естетски како слика. Макар што ни еден елемент во самата претстава не изгледа ретро, туку како некое ново ретро” – изјави Неќак.

Во претставата „ Само глас“ игра и балетанот Мирослав Митрашиновиќ. Таа ќе има уште две изведби до крајот на овој месец.

Сотир Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Бруталистичка улица“ меѓу десет најдобри проекти на Венециското биенале за архитектура според „Артрибјун“

Дејан Дејан

(Видео) Влатко Стефановски со концерт во Скопје одбележа 50 години музичка кариера

Дејан Дејан

Со премиера на „Риголето“, почнуваат 53-те „Мајски оперски вечери“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе