Поради протест на камионските превозници, блокирани се повеќе гранични премини за влез и излез од државата.
Транспортниот сектор на Западен Балкан веќе неколку дена го блокира товарниот сообраќај на граничните премини поради строгата примена на шенгенското правило 90/180 дена за професионалните возачи.
Економиите на регионот губат стотици милиони евра дневно, а Европската комисија најавува нова визна стратегија која би овозможила исклучоци за возачите. Протестите се закануваат да се прошируваат и на патничкиот сообраќај доколку не се најде итно решение.
Од АМСМ пак известуваат дека сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен
(Видео) Трет ден блокада на товарниот сообраќај на границите во Западен Балкан
