Вести Економија

ССМ денеска излегува на протест- „Се бориме и за пензионерите и за критичарите“ рече Трендафилов

ССМ денеска излегува на протест. Ги повикаа сите работници да им се придружат во борбата за повисоки плати и повисок минималец.

„Се бориме и за пензионерите и за критичарите“ кажа претседателот на ССМ, Трендафилов.

За притисоци врз работниците да не дојдат на протестот ќе објават во текот на неделата. Од владата порачаа дека секој има право на протест, но и дека минималецот ќе се зголеми согласно законот, односно за 1.600 денари од мартовската плата.

Македонија го има најнискиот минималец од државите во регионот.

Лидерот на опозициската СДСМ, Венко Филипче, рече дека го поддржува протестот на ССМ, но нема организирани присуство како опозиција за да не се политизира протестот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нула резултати, економски дебакл, лажни ветувања, рекорден долг на државата – оценка на Тренчевска за двегодишниот учинок на владата на ВМРО-ДПМНЕ

Sasko Dimovski

(Видео) Прогласена вонредна состојба во Мостар – голем пожар на депонија гори цел ден

Sasko Dimovski

Багеи: „Обврска за обврска“ е водечки принцип во преговорите меѓу Иран и САД

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе