Родителите на загинатите млади луѓе во кочанската дискотека Пулс на денешниот марш на Ангелите им дадоа поддршка на лицата кои се тужени од синот на сопственикот на дискотеката за демолирање на кафулето Класик во трговски центар, ден по пожарот, со кое што се бара тужените да платат 1 милион и двесте илјади денари.
Семејствата денеска пред зградата на судот и Јавното обвинителство повторно побараа одговор до каде е обвинителниот предлог во кој се опфатени полициски службеници кои таа вечер биле во дискотеката Пулс и прашаа како може да се продава имот кога во тек е судска постапка.
На самиот почеток на маршот на Ангелите, семејствата на загинатите оддадoа почит со една минута молк на Фросина Кулакова која загина на пешачки премин на улицата Партизански одреди во Скопје.
