Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Тестирање на сообраќајните камери во Куманово и Тетово

/

Македонија

Сподели преку :

Министерството за внатрешни работи известува дека утре, 25 јануари 2026 година, ќе се спроведуваат активности за тестирање, калибрација и верификација на сообраќајните камери поставени во градовите Куманово и Тетово во рамки на проектот „Безбеден град“.

Активностите ќе се реализираат од 08:00 до 20:00 часот, при што на секоја локација постапката ќе трае кратко, околу 15 до 30 минути, и ќе се изврши еднократно.

За време на тестирањето на конкретната локација, сообраќајот ќе биде привремено ограничен, по што ќе продолжи нормално.

Министерството ги повикува граѓаните и возачите на трпение, разбирање и соработка за непречено спроведување на активностите.

Зелено светло за казни од камерите на „Сејф сити“, црвен аларм за податоците – изгласани измените на Законот за прекршоци со двотретинско мнозинство

Со зелено светло од пленарната сала, Собранието денеска ја „притисна педалата“ за старт на системот „Сејф-сити“. Со 81 глас „за“ наспроти 19 „против“, пратениците по скратена постапка ги усвоија измените и дополнувањата на Законот за прекршоци, отворајќи го патот за автоматско снимање и санкционирање на прекршоците. За законот беше потребно двотретинско мнозинство и истото се… Продолжи со читање

telma.com.mk

Jumbo 2