Вести Македонија Топ вести

Снегот падна, Скопје на колена

Неколку сантиметри снег го блокираa градот. Граѓаните од рано утринава со фотографии и видеа на социјалните мрежи сакаа да ја доловат состојбата по улиците и булеварите. Дел од оние пак кои ги анкетиравме велат дека тешко се движеле и имале проблеми да дојдат до работното место и да ги завршат обврските. Но, дека не се изненадени, затоа што секоја зима ако падне снег се случува истото.

Снегот не ги изненадил – од друга страна пак градоначалникот на Гард Скопје Ѓорѓиевски преку фејсбук соопшти дека – екипите од рано утринава биле на терен и ги расчистувале булеварите.

Со цел навремена и ефикасна реакција, кризниот штаб е активиран 24 часа дневно, со континуирано следење и детектирање на сите клучни и критични точки, напиша Ѓорѓиевски на фејсбук

Врнежите од снег проблеми направија и на повеќето патни правци низ државава. Па, така оној од Велес за Скопје беше затворен, а на повеќе места имаше и  забрана за тешки товарни возила.

Но, последно од АМСМ соопштија  дека состојбата е нормализирана, патиштата се проодни, а екипите на ЈП Македонија пат целосно екипирани и на располагање доколку има потреба од тоа.

Поради неколку сантиметри снежна покривка Општина Чаир го откажа и својот настан. Во известување стои дека  поради снежните врнежи и неповолните временски услови ќе има нов термин за нивната прес конференција.

А пак граѓаните со герила акција им покажаа на градските власти колку е опасно да се движиш по скопските булевари.

Ирена Чачкова 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Девет еколошки организации бараат трајно поништување на концесиите за проектот Иловица-Штука

Дејан Дејан

80-тина материјални докази на обвинителството изведени на денешното рочиште за 9-мината полицајци

Дејан Дејан

Без согласност на СДСМ и Левица, власта ги поднесе измените на Изборниот законик – електронското гласање на дијаспората на гласање

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе