Денеска се закажани нови протести пред цементарницата „Усје“, на кои граѓаните повторно ќе побараат трајно решение и дислокација на компанијата. Барањата следуваат по заклучоците изгласани на седница на Град Скопје.
Граѓаните сметаат дека работата на цементарницата има негативно влијание врз животната средина и здравјето, поради што инсистираат на конкретни чекори од надлежните институции.
Од „Усје“ ги отфрлаат обвинувањата дека се најголем загадувач, оценувајќи ги како тенденциозни. Од компанијата посочуваат дека поседуваат А-интегрирана еколошка дозвола, се под постојан мониторинг и дека резултатите од мерењата се јавно достапни.
