Претседателот на СДСМ Венко Филипче денеска на прес-конференција ги откри имињата на претседател и член на ДИК позиции кои припаѓаат на опозициските партии.
За претседател го предлагаат екс вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ, а за член досегашниот претседател на комисијата Борис Кондарко.
Лидерот на опозицијата денеска информираше и дека партијата одлучила да не даде поддршка на законот за прекршоци кза кој е потребно двотретинско мнозинство, а без кој не може да профункционира системот Безбеден град.
