Балкан Вести

Бугарија повторно на избори

Претседателот на Бугарија, Румен Радев, откако Алијанса за права и слободи  веднаш го врати мандатот за формирање влада откако му беше врачен, изјави – Одиме на избори.

– Не беше случајно што избрав да го предадам третиот мандат на вашата пратеничка група, наведе Радев, додавајќи дека АПС била подложена на брутален притисок од членовите и симпатизерите на партијата биле подложени на притисок, разни форми на влијание, неприфатливи за владеењето на правото.

Радев посочи дека го предава мандатот на АПС како симбол на национално единство и против секој обид на себични политичари да поттикнат меѓуетнички тензии, за кои нема основа во Бугарија и кои им служат само на нивните теснопартиски и, пред сè, лични интереси.

Лидерот на АПС, Хајри Садков истакна дека Парламентот е генетската модификација, која не може да произведе ништо позитивно.

Според него важно е во каква ситуација се наоѓа земјата. Тој истакна дека нивната одговорност кон институцијата, државноста и демократијата е превисока за да си дозволат едноставно да прават експерименти.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Притвор од 30 дена за екс директорот на Царина, Стефан Богоев и другите тројца осмничени за местење тендер

Дејан Дејан

Протест на граѓани поради опасното возење и сообраќајните несреќи на улицата „Бутелска“ – бараат надлежните бргу да реагираат

Igor Trajkov

(живо)Ова е рана фаза на истрагата, ќе се обезбедуваат и дополнителни докази, вели обвинителката за случајот со Богоев – Се чека одлуката на Кривичениот суд за барањето за притвор

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе