Средбата на американскиот претседател Доналд Трамп со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху започна денеска кратко по 20 часот по централноевропско време, во имотот на Трамп Мар-а-Лаго во американската држава Флорида.
Трамп им рече на новинарите дека веќе е постигнат „голем напредок“ на самиот почеток од разговорот, објави „Си-Ен-Ен“.
„Веќе постигнавме голем напредок. Имавме средба од околу пет минути и веќе решивме најмалку три прашања“, рече американскиот претседател пред новинарите во отворениот дел од средбата.
Претходно, Трамп објави дека ќе разговара за „пет главни теми“ со Нетанјаху, вклучувајќи ја и Газа, за време на нивниот состанок во Јужна Флорида.
