Филмови

ВРЕМЕ ЗА ПОСЕТА – петок, 19 декември 2025 – 22:30

Алма е жена од висока социјална класа чиј сопруг е во затвор. Мина е млада мајка од поинаков социјален слој — нејзиниот сопруг исто така е затвореник. Тие се запознаваат случајно во салата за посети во затворот, каде што и двете доаѓаат да ги посетат своите партнери.

И покрај огромните разлики меѓу нив: класа, животни околности и карактери, Алма ѝ предлага на Мина таа и нејзините две деца да се преселат во нејзината голема куќа, поблиску до затворот. Меѓу двете постепенно се создава невообичаено, љубопитно и понекогаш бурно пријателство.

Филмот ја истражува нивната емоционална поврзаност, конфликти и напнатости што произлегуваат од различните „економии на лагата“. Алма ги маскира вистините под густ слој на привиден раскош, додека Мина лаже од загрозена позиција, како дел од борбата за преживување.

„La Prisonnière de Bordeaux“ е драма за солидарноста, социјалните нееднаквости, женската емanципација и слободата, но истовремено и за затворот што овие жени го носат во себе, иако не се физички заробени.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЦРНА КУТИЈА -понеделник, 20 јули 2026- 00:35

Promo Telma

ДВАНАЕСЕТ БЕСТРАШНИ – недела, 19 јули 2026 – 22:30

Promo Telma

МЛАДИОТ ВИНЕТУ И ИЗГУБЕНИТЕ БИВОЛИ – недела, 19 јули 2026 – 10:45

Promo Telma

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе