Балкан Вести Топ вести

Грчките земјоделци денеска со блокада и на пристаништето во Солун

Десетици гневни земјоделци го опседнаа пристаништето Игуминица на северозападот на Грција, како дел од продолжувањето на нивната анти-владина кампања која таргетира клучна инфраструктура низ земјата.

Полицијата беше распоредена за да спречи влез во пристаништето и да го попречи распоредот на пловидбата, како што се случи претходно на островот Лезбос и во Волос. За денеска најавија блокада и на пристаништето во Солун.

Паралелно продолжуваат со блокади со трактори на клучни раскрсници на националните патишта, предизвикувајќи застои за возачи и камиони.

Особено проблематично е на јужната лента кон Атина кај Солун, каде полицијата привремено ја затвори делницата и го пренасочи сообраќајот на алтернативен пат.

Тие исто така го насочуваат вниманието и кон граничните премини, со цел да го зголемат притисокот врз владата за исполнување на нивните барања. Меѓу нив е и исплатата на милиони евра за заостанати субвенции, кои беа замрзнати по скандалот со агенцијата за фармерски фонд.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Трансформирана меморија“ самостојна изложба на Данчо Ордев, вечерва во галеријата Остен

Дејан Дејан

Пропусти во исплатите и јавните набавки, склучување договори по истек на рок – вака се работело во Академијата за судии и јавни обвинители утврдија ревизорите

Дејан Дејан

Пред почетокот на жетвата земјоделците бараат од 15 до 18 денари за килограм пченица

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе