Вести Економија Македонија

Девизните резерви достигнаа 4,86 милијарди евра

Девизните резерви на Македонија на крајот на ноември изнесувале 4.86 милијарди евра, што е зголемување за 19 милиони евра во споредба со претходниот месец, соопшти Народната банка. Најголем дел од резервите се вложени во хартии од вредност потоа монетарното злато и еден помал дел во валутите и депозитите.

Меѓувреме на граѓаните им остануваат уште два дена, денеска и утре, за да запишат граѓански обврзници од третата емисија во деловните банки. Обврзниците се со рок од две години и годишна каматна стапка од 4,5%, а износот на една обврзница е 10.000 денари.

Вкупниот износ на емисијата е 100 милиони денари, а аукцијата е закажана за 12 декември. Датумот на достасување е 19 декември 2027 година, а каматата ќе се исплаќа по години: првата на 19 декември 2026 и втората на 19 декември 2027 година.

T.Д.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Опозицијата бара извинување од Стоилковиќ за навреди и пцости кон пратениците Трајчулевски и Битиќи – тензии во парламентот

Дејан Дејан

Остра реакција од Сојузот на борци за разобличување на предлогот на ДУИ

Дејан Дејан

(видео)Филипче: Никој не му се плаши на Мицкоски, заканите и навредите се доказ за неговата слабост

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе