Вести Култура

Балетската класика Шехерезада в петок во НОБ

На сцената на Националната опера и балет  в петок (05.декември 2025) во 20 часот ќе биде изведен балетскиот бисер „ Шехерезада“ од композиторот Николај Римски-Корсаков, ремек-дело што ја обединува магијата на ориенталните приказни со раскошната балетска уметност.

Базирана на мотивите од „Илјада и една ноќ“, оваа балетска класика ќе биде изведена под диригентската палка на маестра Бисера Чадловска. Кореографијата е на познатиот балет-мајстор од Москва, Михаил Крапивин, а првичната постановка на Михаил Фокин. Сценографијата е на Марија Ветероска, а костимите на Маја Бурсаќ од Србија. Концерт-мајстор е Верица Ламбевска.

Балетската приказна ќе ни ја раскажат: Наташа Трендафилова Гицев, Балаж Лочеи (Унгарија) заедно со првенците, истакнати солисти, солисти, балетскиот ансамбл и оркестарот на Националната опера и балет.

Балетот „Шехерезада“, инспириран од легендарните приказни од збирката „Илјада и една ноќ“, претставува ремек-дело во балетската литература кое ја спојува магијата на ориенталните приказни, драматичната музика и раскошниот сценски израз. Со богата кореографија, експресивни движења и внимателно избрани сценски детали, делото ја истражува моќта на раскажувањето, страста, љубомората и интригата, а ликот на Шехерезада носи мистерија и вештина што ја фасцинира публиката со секоја сцена.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЦУК: Сува трева и грмушки горат кај Пробиштип, Куманово и Петровец

Дејан Дејан

Песков: Не е можно замрзнување на конфликтот во Украина

Дејан Дејан

Притвор од 72 часа за македонската државјанка која прегази куче во Црна Гора

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе