Адем Чучуљ е едногласно предложен за претседател на Државната комисија за спречување корупција.
Тој го доби највисокиот рејтинг од Комисијата за избори и именувања, која го интервјуираше за оваа позиција.
За кандидатурата се исполнети условите за македонско државјанство, високо образование и над десет години искуство во области поврзани со борба против корупцијата.
Собраниската комисија ја следи Далиборка Демјанска. Таа се јави ви Вестите на Телма во 12.30

Комисијата за прашања на изборите и именувањата денеска одржа седница, на која за претседател на ДКСК го изгласа и предложи кандидатот Адем Чучуљ од Скопје дипломиран правник и актуелен генерален секретар на ДКСК, според комисијата тој е најуспешен во постапката за избор. Чучуљ имал 96.50 поени и прво место на ранг листата од 10 кандидати… Продолжи со читање
Б.С.













