Вести Македонија

Адем Чучуљ предложен за нов претседател на ДКСК

Комисијата за прашања на изборите и именувањата денеска одржа седница, на која за претседател на ДКСК го изгласа и предложи  кандидатот Адем Чучуљ од Скопје дипломиран правник и актуелен генерален секретар на ДКСК, според комисијата тој е најуспешен во постапката за избор.

Чучуљ имал 96.50 поени и прво место на ранг листата од 10 кандидати за нов претседател на Антикорупциската комисија.

На своето интервју пред комисијата за селекција рече дека Антикорупциската комисија ја чувствува како дома и дека се знае и одржува контакти со речиси сите членови од петте досегашни мандати на Комисијата. Но, беше генерален секретар во време на Татјана Димитровска, обвинетата екс претседателка на ДКСК која е на суд за оддавaње службени тајни од предмети на Комисијата, како и за тоа што друг на место неа полагал влезен тест за проверка за сертификат Државна тајна.

На интервјуто, Чучуљ не беше прашан директно за соработката со Димитровска, но рече дека минатиот период Антикорупциската комисија работела, ама не го претставувала сработеното.

Чучуљ пред членовите на комисијата порача дека ќе се заложи за повеќе превентивни антикорупциски мерки и активности, за дополнување на регистрите на податоци за поефикасна проверка на имотната состојба на функционерите, бидејќи државата сè уште не го спроведува и не ги полни регистрите, а покрај тоа и не плаќа за набавка на таков антикорупциски софтвер.

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ацевски: Ревизии и во останатите друштва во кои државата е доминантен сопственик, состојбите се слични како во работењето на Државна лотарија

Sasko Dimovski

„Не за нова дозвола на Усје по стари правила“ – протест на граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“

Sasko Dimovski

Данска ќе распореди војници на редовна воена служба на Гренланд

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе