Вести Македонија

Доделени наградите „13 Ноември“

На свеченост во Националната опера и балет (НОБ) вечерва беше доделена наградата „13 Ноември“ која ја доделува Град Скопје на физички и правни лица за промоција на константните вредности во науката, уметноста, здравството, културата, образованието и спортот.

Добитник на наградата од областа на публицистикита e д-р. Марјан Патлиџанковски, од областа на образованието и воспитанието м-р Весна Недановска, од областа на културата Јавна Установа  Градска библиотека „Браќа Миладиновци” од Скопје и Сузана Марковска, од областа на науката д-р Марјан Бојаџиев, од областа на уметноста Димо Илиев, проф. д-р.Марија Јовановски Срцева од областа на здравствената заштита, Делвина Крлуку од областа на социјалната заштита, во областа на спортот и физичката култура Зоран Михајлов и Кристијан Јанев.

„Денес, покрај сеќавањето, оддаваме и признание на сите оние кои што го градат духот на нашиот град. Наградата „13 Ноември“ е благодарност за луѓето кои со својата работа, знаење, човечност продолжуваат заеднички да ја водат борбата за подобро Скопје. Им честитам денес на сите добитници. Вашата работа и успех се доказ дека Скопје живее и денес“, изјави Орце Ѓорѓиевски, градоначалник на Скопје.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Власта со закани за затвор, опозицијата со психолошки дијагнози – собраниска седница за пратенички прашања

Sasko Dimovski

Клековски: Лани потрошени околу 178 милиони евра за лекови на рецепт

Sasko Dimovski

Земјотрес со јачина од 7,2 степени го погоди северниот дел на Јапонија

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе