Вести Македонија Топ вести

Пендаровски обвинет за „мешетарење“ во СДСМ

Не стивнуваат партиските превирања по поразот на Социјалдемократите на локалните избори. Во анализите за причините деновиве е вмешан и поранешниот претседател, Стево Пендаровски, кого професорот Љубомир Фрчковски во емисија го обвини дека „мешетари внатре во СДСМ“. Ваквата изјава Пендаровски ја нарече проблематична на минимум две нивоа.

„Македонската јавност добро знае дека во моето 30-годишно бавење со јавните работи никогаш не сум „мешетарел”, како многу други во чии кариери нема ништо друго освен задкулисни маневри и кафеанско озборување. Меѓутоа, многу поголем проблем е што изјавата е целосно одлепена од реалноста и фактите, што, за жал, се случува кај некои луѓе поради „квалитетот“ на изворите со кои се дружат“, напиша поранешниот претседател, Стево Пендаровски на Фејсбук.

Фрчковски во гостувањето зборуваше за повеќе лоби групи кои сакаат да го сменат Венко Филипче. Без да спомнува имиња, посочи и еден пратеник и еден поранешен градоначалник, притоа не негирајќи ја констатацијата на водителот дека се работи за Оливер Спасовски и за Петре Шилегов.

Во разговорот, неколкупати му даде поддршка на актуелниот претседател, велејќи дека овие групи со нелојалноста ќе ја направат партијата апатична и нефункционална.

„Во ова раководство тие си дозволуваат еден пратеник, поранешен министер да ровари, исто така нема потреба поранешниот претседател да ровари против партијата, поранешниот градоначалник  да ровари без врска, што е поентата на тоа роварење, не ми е јасно?- Дали борба за власт внатре, не знам? – Ги гледам и не ми е јасно, што им е идејата? – Потребна е една елементарна лојалност. Еве, најпросто речено, фракцијата на Заев доминира во овој период во партијата, има шанси да се реализира, океј е, одиме понатаму, ќе видиме што ќе се случува. Тоа е легитимно“, рече Фрчковски во емисијата „Во Центар“.

Раздорот во оваа партија не е новост. Обвинувања за фракции има по секои изгубени избори, а најсилни беа во 2016-та, во 2021-та, како и во последните две-три години, кога редовно се спомнуваат и имињата на Бранко Црвенковски и на Зоран Заев.

Далиборка Демјанска Цветановска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Најмалку 188 загинати и над 1500-тини повредени во двата разорни земјотреси во Венецуела – спасувачите трагаат по преживеани низ урнатините

Дејан Дејан

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ игра на картата на национализам и популизам само за да опстане на власт

Дејан Дејан

СДСМ откри сомнителни тендери вредни над 100 милиони евра поврзани со владејачката партија, потенцираше Филипче во Вин Вин

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе