Аманда Анисимова ја доби директната пресметка со Ига Швјонтек и заедно со Елена Рибакина се пласираше во полуфиналето на ВТА завршницата во Ријад, Саудиска Арабија.
Во еден од најдобрите мечеви досега на турнирот, Анисимова се врати од еден сет негатива за да ја победи Швјонтек со 6-7, 6-4 и 6-2. За Американката ова е прв настап на ВТА финалето и веднаш стигна до нокаут-фазата. Таму е веќе Елена Рибакина, која со перфектни 3-0 ја заврши групата наречена „Серена Вилијамс“. Таа ги победи и Анисимова и Швјонтек, а денеска беше подобра и од Екатерина Александарова со 6-4 и 6-4, која настапи како замена за Медисон Кијс.
Рибакина и Анисимова го чекаат расплетот во групата „Штефи Граф“ за да ги дознаат своите ривали во полуфиналето. Утре во рамки на 3.коло од групата играат Џесика Пегула против Јасмин Паолини и Арина Сабаленка против Коко Гоф.
