Вардар славеше во Битола против Пелистер во вечното фудбалско дерби во рамки на 12.коло и го задржа врвот на табелата во Првата лига.
„Црвено-црните“ победија со 2-1, а сите голови беа постигнати во вториот дел. Најпрво Роџерс Мато го отвори резултатот во 54-тата минута за водство на гостите, но само шест минути подоцна Петар Петковски израмни на 1-1. Победата на Вардар му ја донесе Горан Закариќ и тоа од пенал во 83-та минута.
На вториот денешен натпревар, Силекс прокоцка водство од 3-1 на гостувањето кај Брера, бидејќи домаќините се вратија и дојдоа до реми, односно 3-3.
ФУДБАЛ ПРВА ЛИГА
12.КОЛО
ДЕНЕСКА
БРЕРА – СИЛЕКС 3-3
ПЕЛИСТЕР – ВАРДАР 1-2
ВЧЕРА
МАКЕДОНИЈА ЃП – СТРУГА 0-2
РАБОТНИЧКИ – ТИКВЕШ 0-2
ПОНЕДЕЛНИК
АРСИМИ – БАШКИМИ 4-2
15.НОЕМВРИ
ШКУПИ – ШКЕНДИЈА
