Спорт Тенис

Сабаленка и Гоф со победи на ВТА финалето во Ријад

Арина Сабаленка со втората победа на исто толку мечеви е на чекор до полфуналето на завршниот мастерс турнир во женска конкуренција што се одржува во Ријад. Коко Гоф остана во игра за место во нокаут фазата.

Сабаленка, која е светска тенисерка број 1 вечерва ја победи Џесика Пегула со 6-4, 2-6 и 6-3 за да остане перфектна по два меча во рамки на групата наречена „Штефи Граф“. Белорусинката е на чекор до полуфиналето, а во последното коло ќе се соочи со Коко Гоф. Американката денеска ја победи Јасмин Паолини со 6-3 и 6-2 за да ги задржи шансите за нокаут-фазата по стартниот пораз од Пегула. Што се однесува до Паолини таа со два порази веќе нема шанси за прогрес понатаму. Во последното коло играат Сабаленка против Гоф и Паолини против Пегула.

Утре се игра третото коло во групата наречена „Серена Вилијамс“, а ќе се соочат Елена Рибакина, која веќе обезбеди полуфинале, против Медисон Кијс, додека Ига Швјонтек мора да ја победи Аманда Анисимова за место во нокаут фазата.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Историски успех на македонското карате на Светското универзитетско првенство во Бразилија

Sasko Dimovski

Хет-трик на Меси против Алжир за победнички вовед на Аргентина во одбрана на мундијалската титула

Sasko Dimovski

Мбапе со рекорд ја одведе Франција до стартна победа на Мундијалот

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе