Вести Локални избори 2025 Македонија Топ вести

(живо)Гласањето во Центар почна навреме без нарушувања на процесот

Во Македонија утрово во 7 часот започна гласањето за вториот круг од локалните избори. Граѓаните избираат градоначалници во 32 општини и во Градот Скопје на 1.771 избирачко место, а право на глас имаат нешто над 1 милион гласачи.

Во Општина Центар  гласачките места утрово беа отворени на време. Дел од граѓаните од рано утрово излегоа на гласачките места да го остварат своето право на глас.

Утрово процесот тече мирно и без регистрирани инциденти.

Граѓаните очекуваат од идниот градоначалник да ги реши проблемите со инфраструктурата во општината, проблемите со сообраќајот и да работи на подобрување на животот во ова населено место.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(ФОТО) Пожарите беснеат околу Мадрид

Kristina Kuzmanovski

Јаделе во таверна, завршија во болница: Деветмина заразени со салмонела во Атина

Kristina Kuzmanovski

Усвоен Ребалансот на Буџетот со проектиран дефицит од 4,1% од БДП

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе