Балкански рис е забележан меѓу боите на есента од страна на здружението „Еко Фазан“. На видеото меѓу листопадната жолта крошна се гледа оваа ендемско животно, а местото каде е снимено не е откриено. Фотографирано е од страна на Лутфи Османи, кој е член на здружението.
„Присуството на овој редок предатор сведочи за природното богатство и дисциплината на нашето здружение!“ пишува во објавата на здружението на „Фејсбук“’.
Инаку балканскиот рис е рангиран како критично загрозено животно и ендем од Југоисточен Балкан. Главните упоришта на рисот се Националниот парк „Маврово“ и неговата околина во Македонија, и Планината Мунела и регионот Полис-Валамара во Албанија“, пишува Програмата за закрепнување на Балканскиот рис.
Единки од рис се забележани и во Косово, а постои можност тој да е присутен и во Црна Гора и Грција. Се проценува дека популацијата брои помалку од 50 возрасни единки, чијшто опсег изнесува 6200 km².
Т.Д.
