Биеналето на македонската современа архитектура – БИМАС 2025 се отвора вечерва во Музејот на современа уметност. Двонеделната манифестација се одржува по 22 пат , во организација на Асоцијацијата на архитекти на Македонија (ААМ),, а ќе трае до 20. откомври во МСУ и на други локации.
По отворањето , во четврток (09.октомври) во МСУ ќе одржи предавање Томаш Фудала од Полска , на тема „ Музејот тогаш и сега “. Истиот ден , за прв пат во историјата на БИМАС, на истото место со Биеналето ќе биде отворена изложба на студентите по архитектура -БИСТА. Во петок (10.октомври) во киното Фросина во МКЦ презентација ќе одржат Куба Снопек од Варшава и Боштјан Вуга од Словенија. Темата е „ Позиционирање на градот“. Во сабота (11. Октомври) во МОБ ќе имаат презентации Јелена Вучиќ и Мелоди Лиан. Во вторник ( 14.октомври) презентација во „Механика“ ќе одржат Стефан Мадер и Бјорн Римнер, а темата е „ Адаптација на повторна употреба“. На истото место ќе биде отворена изложбата „ Индустриско наследство на Р.С. Македонија“ од авторот Горан Мицковски. Во среда (15.октомври) во Македонската опера и балет презентации на тема „ Иднината на материјалите за градење“ ќе имаат Питер Мареј, Ондреј Чибик и Мајкал Хаидл . Ден потоа ( четврток – 16.октомври) ќе биде отворена изложбата „ Лапорело- Прошетка низ просторот и времето на четири куќи“ од авторот Стефан Мадер. А, во понеделник (20. октомври) е церемонијата на затворањето на БИМАС во Музејот на современа уметност. На затворањето ќе бидат доделени повеќе награди, меѓу кои е и главната „ Гран При“ за реализиран архитектонски објект.
За првпат БИМАС е одржан во далечната 1981 година и претставува водечко случување
во областа на архитектурата во нашата земја. Оваа година со XXII Биенале на македонската
современа архитектура се одбележуваат 44 години од постоењето на оваа
исклучително значајна манифестација.
