Македонската одбојкарска репрезентација по синоќешната ждрепка во Бари ги доби своите ривали на Европското првенство 2026 година. Капитенот Никола Ѓоргиев смета дека групата е исклучително тешка, особено што за ривали ги имаме актуелниот светски вицепрвак, како и бранителот на европската круна.
Бугарија како еден од четирите ко-домаќини и организатор на групата Б имаше право да одбере еден противник во ждрепката и реши тоа да биде Македонија. Освен домаќинот и актуелен светски вицешампион, во Варна нашите одбојкари ќе ги одмерат силите и со актуелниот европски првак Полска, потоа селекциите на Португалија, Украина и Израел.
Капитенот Никола Ѓоргиев смета дека на ова четврто по ред Европско првенство, добивме тешка група.
„На ова ЕП Македонија влегува како најслабо рангирана селекција и верувам дека сите противници во групата на нас гледаат како на тотален аутсајдер“, вели Ѓорѓиев во изјава за интернет страницата на Одбојкарската федерција.
„Добивме тешка група со два изразени фаворита – Бугарија и Полска. Украина, особено Португалија, која играше во осминафиналето на СП и ја елиминираше Куба и Израел се противници со кои ќе водиме голема битка и никој не може да ни забрани да сонуваме за осминафинале“, додаде нашиот најдобар играч.
Во групата А, покрај домаќинот Италија ќе играат и Шведска, Словенија, Чешка, Грција и Словачка. Во групата Ц во Тампере, Финска, освен домаќинот се најдоа и селекциите на Естонија, Србија, Белгија, Холандија и Данска. Во групата Д во Клуж, покрај домаќинот Романија ќе се натпреваруваат и Летонија, Франција, Германија, Турција и Швајцарија.
Европското првенство стартува идната година на 9.септември и ќе трае до 26-ти истиот месец.
Фото: Игор Паневски
