Вести Култура

Скопска премиера на „Диџеј Ахмет“- драма со елементи на комедија, авторот вели дека е филм со универзална тема

По македонската премиера на затворањето на фестивалот на филмска камера „Браќа Манаки“, каде дојде со веќе освоени 13 награди на релевантни филмски фестивали како Санденс, Кошице, Сараево и Херцег Нови, а критиката го опиша како инспиративна приказна за созревањето и солидно деби на Георги Унковски, филмот „Диџеј Ахмет“ вечерва премиерно ќе се прикаже во Cineplexx и останува на неговиот редовен репертоар. За оваа драма со елементи на комедија, авторот вели дека е филм со универзална тема.

  • Една суштинска тема е тоа дека сите ние сами мораме да си ја најдеме нашата слобода и нашиот мир, на некој начин, кажа Георги Унковски, сценарист и режисер на „Диџеј Ахмет“.

Филмот зборува за момче кое се бори да го отсонува својот животен сон, наспроти ограничувањата што му ги наметнува традиционалната заедница. Беше снимен во јуручките села Али Коч и Коџалија во радовишкиот крај и во Скопје, а кинематографер е Наум Доксевски. Сценаристот и режисер Унковски вели дека снимањето било излегување од неговата конфорна зона.

  • За мене беше едно големо отскокнување надвор од мојата конфор зона, истражувајќи една тема, еден регион кој што на почетокот не ми беше моногу познат. А, сега ми е посебно драг, рече Унковски.

Во филмот се зборува на турски и на македонски јазик. Главната улога на Ахмет му е доверена на Ариф Јакуп, натуршчик кој за филмот е избран на кастинг, заедно со Агуш Агушев, кој го толкува неговиот брат. Играат и Дора Акан, Селпин Керим, Аксел Мехмед и Атила Клинче. Филмот е копродукција меѓу Македонија, Чешка и Србија, а продуценти се Иван Унковски и Ивана Шекуткоска. По скопската премиера „Диџеј Ахмет“ ќе се дистрибуира низ Македонија.

Сотир Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Во Скопје ЗОО се родија две бели волчиња

Tea Dimkovska

Финскиот претседател: ЕУ треба да се стреми да го зголеми бројот на 40 членови

Kristina Kuzmanovski

ДКСК отвори предмет за неправилностите во ИЈЗ: Под лупа набавки, вработувања и трошење јавни пари

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе