Вести Економија Топ вести

Студот притиска, можно е парното да се вклучи порано

Ако продолжи падот на температурите, радијаторите ќе греат и пред 15 октомври. УХМР прогнозира дека од утре, па се до петок ќе има врнежи од дожд, пониски температури, а на повисоките места снег. Од ЕСМ уверуваат дека извештаите се следат и ако има услови, испораката на топлинска енергија ќе почне и порано.

„Согласно регулативата, грејната сезона може да започне и порано, односно од 1 октомври, доколку прогнозата за средна надворешна температура за наредниот ден изнесува 12˚С или пониско, според податоците на Управата за хидрометеоролошки работи“, се вели во дописот на ЕСМ.

Од ЕСМ побараа граѓаните да завршат со поправките на внатрешните инсталации, а регулаторна упати апел до куќните совети да се платат сметките за струја за топлинските потстаници за да може да се вклучи греењето.

Но, на самиот старт на сезоната, домаќинствата може да имаат послаби радијатори заради сервисирање на цевката во Бугарија преку која се врши пренос на гас во земјава. Па, така се очекува испораката да се намали, а од 15 до 17 октомври можно е греењето да биде послабо. Од Регулаторна потенцираа дека во услови на ваков прекини, Номагас навремено треба да изврши полнење на цевката.

Од компанијата за Телма соопштија дека тие два дена пред законскиот старт на грејната сезона го прават полнењето, но колкави количини ќе се обезбедат и дали тие ќе ги задоволат барањата на ЕСМ ќе зависи од тоа колку гас ќе има во цевката на која ќе се прави ремонт.

Со ваков проблем се соочивме и пред самиот крај на грејната сезона кога неколку дена пред да заврши повторно поради ремонт на цевка во Бугарија граѓаните добија послабо греење.

Според бројките, градско парно користат над 60.000 домаќинства. Најмалку приклучени има на мрежата на Топланата Скопје Север. Уставен суд пред извесно време го олесни исклучувањето од мрежата. Но, од ЕСМ уверуваат дека и покрај тоа немало зголемен број на домаќинства кои сакале да го сторат тоа.

Ирена Чачкова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нетанјаху: Во ниту еден момент не сум побарал дозвола од Трамп да го нападнам Иран

Sasko Dimovski

„Обвинителството мора да реагира за Јанушев, Законот предвидува и до 5 години затвор“, велат од СДСМ

Дејан Дејан

„Филипче молчи и не го осуди дипломатскиот скандал на Бугарија со дипломатската нота со која се наруши безбедноста на претседателот Мицкоски“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе