Вести Наука и здравје

Руска вакцина против рак наскоро ќе биде достапна на пациентите

Онколошките пациенти во Русија во наредните месеци ќе почнат да примаат вакцини, најави Александар Гинцбург, шеф на истражувачкиот Институт за епидемиологија и микробиологија „Гамалеја“, пренесува агенцијата ТАСС.

Новата вакцина е осмислена како персонализиран третман и ќе гаѓа малигни тумори со користење на сопствени генетски информации од пациентот.

Развиена е со помош на вештачка интелигенција, технологијата на информациона РНК (mРНК) ѝ овозможува на вакцината да се адаптира на специфичен профилна рак на секој поединец, нудејќи потенцијално ефикасна и таргетирана терапија.

„Сите документи се доставени до министерството за здравство и се надеваме дека Институтот Херцен, Центарот Блохин и нашиот Институт наскоро ќе добијат одобрение за почеток на производство на првите типови на персонализирани вакцини против меланом“, рече Гинцбург.

Тој додаде дека групи со пациенти се веќе формирани, нивните генетски информации се анализирани и оти истражувачите се подготвени да започнат со лекувањето „во рок од месец или месец и половина“.

Претходно овој месец, Вероника Скворцова, шефица на Федералната медицинско-биолошка агенција, изјави дека новата ваквина против рак покажала висока ефикасност за време на претклиничките испитувања и дека е подготвена за клиничка примена.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пожарот кај „Рампа“ ставен под контрола, еден пожарникар повреден во неговото гасење

Дејан Дејан

Иран и Катар ја обновуваат поморската трговија по речиси петмесечна пауза

Дејан Дејан

Венс: Британците ги разочара водството, на земјата и се потребни големи промени

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе