Во раните утрински и претпладневни часови во источните делови ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и услови за појава на ретки грмежи. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец (локално над 60 km/h).
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Во текот на денот облачноста ќе се намали. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен северен ветер.
Минималната температура ќе се движи во интервал од 11 до 20°C, а максимумот од 20 до 38°C.
Информација од утрово:
Температура на вода, измерена во 7.30 часот (во °C)
Охридско Езеро 21.0, Преспанско Езеро 20.0, Дојранско Езеро 25.0.
Деталите во Телма МЕТЕО со Ирена Лазарова – Димитровска, во соработка со УХМР!
e-mail: [email protected]
https://www.instagram.com/telmameteo/
